5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Рафаел Леао ја врати насмевката кај Алегри

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, во текот на денешниот ден доби одлични вести. Напаѓачот Рафаел Леао тренираше заедно со останатите играчи, откако до вчера работеше според индивидуален режим опоравувајќи се од повреда.

Ова значи дека Леао ќе биде достапен за неделното дерби, кога Росонерите ќе го пречекаат тимот на Рома. Ардон Јашари и Первис Еступињан исто така се опоравени и подготвени за натпреварот.

Фикајо Томори и Сантијаго Хименес се под знак прашалник и е малку веројатно да настапат, додека Адриен Рабио и Кристијан Пулишиќ сигурно се во „аут“ поради повреди.

- Оглас -

Најнови вести