20.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Рафаел Леао побарал трансфер од Милан

Рафаел Леао побарал Милан да го продаде во летниот преоден рок затоа што сака предизвик во Лигата на шампионите, а клубот наводно поставил цена од најмалку 90 милиони евра. Интерес покажува Баерн Минхен, кој веќе се сретнал со претставници на португалскиот крилен напаѓач, иако сè уште не се започнати официјални преговори.

Дополнително, Лерој Сане би можел да го напушти Баерн, со што се отвора место за Рафаел Леао.

Сепак, Милан нема намера да се раздели со него, иако е можно да продаде други клучни играчи како Тијани Рејндерс, Тео Ернандес или Мајк Мењан.

Потенцијалната понуда од Баерн би изнесувала 80 милиони евра, но цената може да се намали на 60 милиони евра доколку се вклучи играч во зделката.

- Оглас -

Најнови вести