Рафаел Надал едноставно не може: Го откажа настапот на турнирот за којшто се очекуваше да биде негов проштален

Рафаел Надал требаше да ги брани боите на Европа на Лејвер купот, кој од 20 до 22 септември ќе се игра во Берлин, но шпанскиот тенисер ги разочара фановите откако го откажа својот настап.

Лејвер купот е натпреварување кое се одржува во последните седум години, а овој турнир многумина очекуваа биде како проштален настап на Шпанецот, но сега тоа нема да се случи.

Засега не се знае која ќе биде замената за Надал, а честа на Европа ќе ја бранат Карлос Алкарас, Данил Медведев, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Александер Зверев, плус замената за Шпанецот.

Од другата страна, во Тимот на светот ќе играат: Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Алехандро Табило, Франсис Тиафо, Франциско Церундоло и Танаси Кокинакис.

- Оглас -

Најнови вести