Најуспешниот тенисер на земјена подлога во историјата, Рафаел Надал, за утре во 16 часот закажа прес-конференција на која ќе објави дека нема да игра на годинешниот „Ролан Гарос“ во Париз.
Ова беше можеби последна шанса за Надал да освои уште некој гренслем во кариерата, но повредата која го спречи да игра на Мастерсите на тврда и земјена подлога по Отвореното првенство на Австралијан е причина што тој нема да се појави ниту во Париз.
Надал од 2005 година наваму дури 14 пати го освојуваше „Ролан Гарос“, но 119 дена нема играно официјален меч и утре ќе потврди дека ќе паузира уште некое време.