Рафаел Надал загуби – седум гејма!

Првиот носител на Отвореното првенство на Австралија, Шпанецот Рафаел Надал, без проблеми со совлада сонародникот Пабло Карењо Буста со 6-1, 6-2, 6-4, и се пласираше во осминафиналето на првиот тениски гренд-слем турнир годинава.

Надал немаше милост кон Карењо Буста, и му одржа лекција. Во следната рунда, противник на Надал ќе биде Ник Кирјос или Карен Хачанов, па тоа ќе биде далеку посилен тест за лидерот на АТП листата.

Ова беше шести меѓусебен дуел и шеста победа на Надал, а средбата траеше 101 минута. Од оние мечеви кои завршија досега во текот на денов, во четвртото коло се најдоа уште Гаел Монфис, Доминик Тим и Андреј Рубљов.

Кај жените, победи извојуваа Кербер, Пављученкова, Свјатек, Контавеит, Халеп и Мертенс.

- Оглас -

Најнови вести