Рафаел Надал заигра после 132 дена пауза

Рафаел Надал се врати на тениските терени со својот прв натпревар после пауза од 132 дена, и во Абу Даби на тврда подлога, загуби од Енди Мареј со 3-6, 5-7.

Надал поради повреда на левото стапало, мина повеќе од четири месеци без натпревар, и го загуби дуелот на двајцата некогашни лидери на АТП листата, но беше задоволен од играта.

Следниот меч на Надал ќе биде со Денис Шаповалов, во битка за трето место на овој егзибициски турнир. Мареј кој е 134-ти на АТП листата, играше добро, не му дозволи на Надал ниту една брејк шанса, и потсети на старите добри времиња.

- Оглас -

Најнови вести