Доминантниот Лајпциг го растури Волфсбург со убедливи 6-1 на „Фолксваген арената“ и втора година во низа ги елиминра Волците од Купот на Германија. Црвените бикови без проблем си обезбедија место во осминафиналето, а по мирното прво полувреме, приредија вистинска фешта.
Автоголот на Брума во 13-тата минута му донесе предност на Лајпциг, а гостите решија да ја завршат работата во вториот дел од мечот, па од 55-тата до 68-мата минута во четири наврати ја стресоа мрежата на Волфсбруг. Голеадата започна од Сабицер, продолжија Форсберг и Лајмер, а до крајот Вернер реализира уште два гола пред Вегхорст да го постигне почесниот гол за домаќините.
Вердер Бремен со убедливи 4-1 го елиминираше нисколигашот Хајденхајм.