4.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Рафиња бесен по поразот: „Мора да играме против сите за да победиме“

Рафиња беше еден од најгласните во критиките кон судиите за време, но и по мечот против Жирона, кој Барселона го загуби со пресврт, но и со неколку очигледни грешки кои влијаеја на резултатот.

При победничкиот гол на Жирона имаше фаул од Ечевери над Кунде, а Жил влезе порано во шеснаесетникот при промашениот пенал и му попречи на Де Јонг прв да дојде до топката.

„Имаме многу што да подобриме, но не само ние. Многу е комплицирано кога правилата не се исти за сите. Без разлика дали е во ваша корист или не. Но, ако мораме да играме против сите за да победиме, така нека биде. Ќе го направиме тоа. Да живее Барселона“, напиша Рафиња на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести