Бразилскиот фудбалер Рафиња, член на шампионот Барселона, е избран за најдобар играч на сезоната 2024/25 во шпанската Ла Лига. Со 18 постигнати голови и 10 асистенции на 36 натпревари, офанзивецот на каталонскиот клуб блесна со своите перформанси и ја заслужи престижната индивидуална награда.
Барселона ги доби и останатите признанија на крајот од сезоната. Тренерот на тимот, Ханси Флик, беше прогласен за најдобар стратег во Ла Лига, додека младата ѕвезда Ламин Јамал ја освои наградата за најдобар фудбалер под 23 години.
Добитниците на наградите беа одредени преку комбинирано гласање во кое учествуваа навивачи преку онлајн платформи, капитените на сите клубови во лигата и специјализирано жири составено од 25 спортски новинари.