Левото крило на Барселона, Бразилецот Рафиња, има сезона од соништата, учинокот му е 27 гола и 19 асистенции, а само во Лигата на шампионите на десет настапи има 11 гола и пет асистенции.
Заедно со Мохамед Салах се можеби и најдобри на светот сезонава и се кандидати за Златната топка, а интересно е дека Барса летоска сакаше да го продаде Рафиња за да собере пари за излез од финансиската криза. Но, „вето“ на продажбата стави новиот тренер Ханси Флик и Бразилецот експлодираше, сезонава е неверојатен.
Во моментов тој е прв стрелец во ЛШ, има 11 гола, а допрва ќе игра четвртфинале кое ако Барса го помине, Рафиња има шанса да го надмине и Меси, на кому рекорд му е 15 гола во една сезона во ЛШ.
Сепак, Рафиња не е себичен, знае да се радува и кога некој негов соиграч ќе има убав потег и гол. Тоа се случи вечерва, кога Бразилецот му ги полираше копачките на младиот Ламин Јамал, кој постигна важен гол за 2-1, а и одлично му асистираше на Рафиња за водство од 1-0.