Рафиња е новата летна хит серија – Барселона се надева, од Лидс велат ќе го почитуваме договорот со Челзи

Бразилецот Рафиња и неговиот летен трансфер е новата фудбалска хит серија, или сага и се уште не е јасно каде ќе игра фудбалерот на Лидс во иднина.

Првично Арсенал загриза сериозно за Рафиња, па се откажа, откако бразилскиот ас објави дека сака да игра за Барселона.

Каталонците се вклучија во игра со понуда што е премала за Лидс, а од таборот на англискиот премиерлигаш одговорија дека ќе го почитуваат зборот и вербалниот договор со Челзи, клуб кој понуди 60 милиони фунти како отштета.

Проблем е изјавата на Рафиња дека не сака кариерата да ја продолжи во Англија, па Барселона останува фаворит број 1 за ангажман на офанзивецот.

Во целата приказна која станува летен серијал се вклучи и Деко, поранешниот играч на Барса и на Челзи, а е ангажиран од шпанскиот клуб за да помогне да се заврши трансферот на Рафиња.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести