Рафиња игра фантастична сезона за Барселона откако на клупата на „каталонците“ седна Ханси Флик, па многумина сметаат дека тој е недопирлив. Сепак, раководството на клубот не мисли така. Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор, Деко, планира го продаде Рафиња доколку некоја екипа понуди најмалку 90 милиони евра за него.
„Рафиња не е недопирлив како што сите мислат. Иако игра одлично оваа сезона, Деко веројатно ќе го продаде ако некој понуди 80-90 милиони евра, бидејќи таквите понуди не се пропуштаат.“ – се вели во дел од шпанските медиуми.
Бразилецот беше блиску да биде продаден и минатото лето, но никој не сакаше да ја плати сумата која Барселона ја бараше за него, а единствената причина што раководството на „каталонците“ сака да го продаде е тоа што тие не веруваат дека тој може да игра уште долго на ова високо ниво.