22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Рафиња го изгасна светлото на „Луж“ (Видео)

Бенфика 68 минути имаше човек повеќе на теренот во дуелот со Барселона, но не знаеше да го искористи тоа, Барса и со десетмина победи со 1-0 и е многу блиску до четвртфинале против Борусија Дортмунд или Лил.

Победата на Каталонците им ја донесе Рафиња, за кого ова е деветти гол сезонава во ЛШ. Неверојатниот Бразилец и пред некој месец им донесе победа на гости кај Бенфика, тогаш во луд меч кој заврши 5-4.

Барса во 22-рата минута остана со човек помалку по исклучувањето на Кубарси, но гостите воопшто не беа инфериорни, успеаја и да победат благодарение на индивидуалниот квалитет.

- Оглас -

Најнови вести