Барселона не успеа целосно да го искористи поразот на Реал Мадрид од Валенсија, но сепак успеа да се оддалечи за еден бод. И покрај тоа, атмосферата во Каталонија не е мирна – далеку од тоа.
Судиската одлука на Хил Манцано во финишот на натпреварот повторно ја разлути Барселона. Имено, во последните секунди од судиското надополнување, Манцано буквално се најде на патот на Гави во потенцијален контранапад. Младиот играч на Барселона се судри со судијата, а веднаш потоа Манцано означи крај на натпреварот, иако Барселона имаше уште еден корнер за изведување.
Бразилецот Рафиња експлодираше од бес. Беа останати уште десетина секунди, но судијата не дозволи изведување на последниот удар од аголот. Фрустрацијата на Рафиња беше толку голема, што по крајот на натпреварот се впушти во вербална конфронтација со судиите.
Тренерот Ханси Флик мораше лично да интервенира и да го оддалечи својот фудбалер за да не добие директен црвен картон.
Ситуацијата не заврши таму – на патот кон соблекувалната, Рафиња се расправаше и со својот соиграч, голманот Тер Штеген, кој се обиде да го смири, но беше оттурнат од разлутениот Бразилец.
На прес-конференцијата, Ханси Флик одлучи да ја смири ситуацијата со дипломатски тон.
„Рафиња не беше лут на судиите, туку на мене“, рече Германецот, одбивајќи да коментира директно за Хил Манцано.
Raphinha pushing the refs and his own teammate 😭😭 biggest crybaby ever
— fan account (@Asensii20) April 5, 2025
Imagine if this was Vini.. pic.twitter.com/stSQaKMrt0