Долго се шпекулираше и се најавуваше дека Рафиња ќе ја напушти Барселона, но со доаѓањето на Ханси Флик на тренерската позиција, Бразилецот стана една од најважните алки во редовите на „каталонците“.
Тој пристигна во Каталонија во 2022 година од Лидс јунајтед, но долго ја бараше својата препознатлива форма, а сега буквално блеска во дресот на Барселона.
Сега му остануваат уште само две догодини од договорот, кој истекува во 2028 година, па во текот на наредната сезона ќе мора да одлучи дали ќе остане и ќе побара да си замине. За Бразилецот има голем интерес од Саудиска Арабија, но неговиот одговор е јасен – во моментов не го интересира ништо друго освен освојувањето на трофеи со Барселона.
Планот на Рафиња е да остане во Барселона и во моментов воопшто не размислува за заминување, а тоа во секој случај се одлични вести не само за навивачите, туку и за раководството на каталонскиот гигант.

