Рафиња објасни како започнала тепачката во тунелот по дуелот против Бенфика

Барселона направи историски пресврт и по негативата од 4:2 на гостувањето кај Лисабон, на крајот победи со 5:4 во меч од седмото коло во Лигата на шампионите. Никогаш претходно во елитната лига на УЕФА не се случило гостински тим да губи со два разлика и на крајот да победи. На Барселона тоа синоќа ѝ успеа.

По завршувањето на овој неверојатно возбудлив меч се случи и инцидент, и тоа во тунелот додека фудбалерите одеа кон своите соблекувални. Во главна улога бил Рафиња, ѕвездата на Барселона, и неколкумина играчи на домашната екипа. Бразилецот кој го даде победничкиот гол во 90+6 минута објасни што се случило за да дојде до хаос во поттрибинскиот простор.

„Ги почитувам сите. Кога го напуштив теренот, имаше луѓе кои ме навредуваа. И јас возвратив со навреди. Знам дека не требаше да го сторам тоа, но сите понекогаш се лутиме. Ако ме почитуваат, ќе ги почитувам. Верувам дека сега сум во најдобрата форма во мојата кариера, навистина верувам дека е така“, рече Рафиња по мечот на кој имаше девет голови, а тој на крајот се промовираше во херој.

- Оглас -

Најнови вести