Рафиња пет недели во аут , ги пропушта дуелите со Атлетико од ЛШ

Бразилскиот крилен напаѓач Рафиња има повреда на тетивата на десната бутина поради која ќе отсуствува пет недели, соопшт неговиот клуб Барселона.

Крилниот напаѓач на Барселона побара да биде заменет на полувремето од пријателскиот натпревар против Франција откако почувствува непријатност во десната нога, а медицинските тестови спроведени денес во Орландо ја потврдија неговата повреда. 

Рафиња ќе се врати во Барселона за да го започне процесот на рехабилитација, со цел да биде подготвен за Ел Класико против Реал Мадрид на „Камп Ноу“ на 10-ти мај.  Отсуството на Рафиња е сериозен удар за Ханси Флик, кој ќе изгуби еден од своите клучни играчи во важен момент од сезоната. По паузата за репрезентациите, Барса гостува кај Атлетико Мадрид в лигашки меч, по што следуваат четвртфиналето од Лигата на шампионите против истиот ривал (8 и 14 април) и градското дерби против Еспањол (11 април). Ова се мечеви на кои Бразилецот сигурно нема да игра.

До крајот на април Каталонците имаат и мечеви со Селта и Хетафе. Доколку прогнозата од пет недели што ја процени медицинскиот персонал на Барселона се покаже како точна, Рафиња не би играл ни во првиот меч од евентуално полуфинале на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести