Барселона го промовираше новото засилување Рафиња од Лидс јунајтед, за кого се исплатени 58 милиони евра, а трансферот ќе достигне до 70 милиони евра во одредени бонуси.
Бразилското крило си го оствари сонот, потпиша за клубот за кој навива од дете, а на промоцијата посочи кој е неговиот идол и зошто сакал да заигра на „Камп ноу“.
„Почнав да ја следам Барселона уште во времето на Роналдињо. Тој ми е идол, секако дека тоа влијаеше да сонувам за трансфер тука. Роналдињо направи огромна кариера во Барса, би сакал и јас да го сторам истото. Секако, и Нејмар е еден од фудбалерите поради кои ја гледав оваа екипа“, истакна Рафиња на прес-конференцијата.
Роналдињо е идол на многу генерации фудбалери и фудбалски фанови. Токму на „Камп ноу“ ја презентираше својата магија на најдобар можен начин, а се чини дека и Рафиња е еден од маѓепсаните. Поради тоа и ја одби опцијата да биде нов играч на Челзи.