Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја коментираше здравствената состојба на Рафиња и на Маркус Рашфорд. Англискиот напаѓач нема да настапи на локалното дерби со Жирона, додека Бразилецот ќе биде на располагање за понеделник навечер.
„Рашфорд се опоравува добро, но нема да може да игра против Жирона. Ќе го враќаме чекор по чекор. Рафиња, од друга страна, ќе биде на располагање. Тој е клучен фудбалер. Секогаш сум го велел тоа, а неговото присуство е многу важно за нас. Тој внесува повеќе ритам, интензитет и динамика во играта на тимот. За мене, тој беше најдобриот играч во светот минатата сезона“, изјави Флик пред медиумите.
Барселона утревечер ќе гостува кај Жирона во 24-то коло од Ла Лига. Каталонците се на второто место на табелата, со два бода заостанување зад Реал Мадрид, кој синоќа со 4-1 на домашен терен победи против Реал Сосиедад.

