Во пресрет на гостувањето на Бразил кај Аргентина во големото дерби од јужноамериканските квалификации за Светско првенство, најдобриот бразилски фудбалер во моментов, Рафиња, кажа тешки зборови за Гаучосите.
„Подбуцнувач“ беше славниот Ромарио, кој беше водител на поткастот на кој[to гостуваше Рафиња.
„Ќе играме против Аргентина, нашиот најголем ривал. Фала му на Бога, тие се без Меси, ќе ги победиме?“, праша Ромарио.
„Ќе ги победиме, без сомнение. На и надвор од теренот, ако мораме“, одговори Рафиња.
„Тие се копилиња мора силно да ги удриш. Дали ќе се обидеш да постигнеш гол против Аргентина?“, беше следното прашање на Ромарио.
„Да, со сигурност ќе дадам гол“, одговори Рафиња.
Но, она што беше кажано потоа на крајот најмногу ги шокира навивачите и, без сомнение, ќе ги изнервира играчите и навивачите на Аргентина.
„Ќе ги е.еме?“, рече Ромарио.
„Ќе ги е.еме“, како од пушка одговори Рафиња.