Ламине Јамал со фантастичен гол го отвори резултатот против Еспањол и ја најави титулата за Барселона. Седумнаесетгодишниот фудбалер по мечот доби пофалби и од неговиот соиграч Рафиња, кој го нарече „момчето со златните нозе“.
„Немавме многу чисти ситуации против Еспањол, но меѓу нас има едно момче, кое понекогаш знае да смисли нешто со своите златни нозе и тоа ни дава да бидеме смирени на натпреварите. Во јануари некои луѓе тврдеа дека ќе се бориме за третото место. Сепак, бевме сигурни во себе. Тоа беше клучот. Верувавме во работата и во она што го можеме. Најважна беше довербата на тренерот“, вели Рафиња.
Бразилецот оваа сезона одигра 55 натпревари за Барселона во сите конкуренции со ефект од 34 гола и 25 асистенции.