Рагбистите на Јужна Африка ја одбранија светската титула, во финалето го совладаа Нов Зеланд и испишаа историја

Рагби репрезентацијата на Јужна Африја триумфира на Светското првенство. Јужна Африка во финалето на стадионот „Франција“ во Париз со 12:11 славеше над Нов Зеланд.

https://twitter.com/i/status/1718387574761243021

Со триумфот во големото финале, популарните Спрингбокс ја одбранија титулата освоена пред четири години на СП во Јапонија и стана прва репрезентација во историјата со четири триумфи на Светските првенства (1995,2007, 2019 и 2023).

Херој на Јужна Африка е Ерв Полард кој ги постигна сите 12 поени за својата репрезентација. Интересно е што Јужна Африка сите мечеви во нокаут фазата ги доби со еден поен разлика.

https://twitter.com/i/status/1717643512152473898

 

Во осминафиналето беше совладан домаќинот на СП, Франција со 29:28, во полуфиналето Англија со 16:15 и синоќа Нов Зеланд со 12:11.

- Оглас -

Најнови вести