7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Рахим Стерлинг ќе тресе мрежи за Феенорд

Поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг кариерата ќе ја продолжи во Холандија. Тој како слободен агент потпиша договор со Феенорд до крајот на актуелната сезона.

31-годишниот напаѓач до пред две недели беше член на Челзи, но двете страни се разделија по взаемна согласност. Стерлинг нема настап од 25 мај 2025 година.

Во изминатиот период како можни дестинации за него се споменуваа Тотенхем, Наполи и Унион Берлин, но на крајот холандскиот гигант успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Тренерот на Феенорд, Робин ван Перси, не го криеше задоволството од ангажманот.

„Очигледно е дека станува збор за фантастичен трансфер. Одлично е што успеавме да убедиме играч од калибарот на Рахим да ни се приклучи. Неговите фудбалски квалитети зборуваат сами за себе, тој е играч кој може да го реши исходот на натпреварите. Убеден сум дека ќе биде огромно засилување додека се бориме за остварување на нашите цели во вториот дел од сезоната“, изјави Ван Перси.

Со овој потег, Феенорд добива искусен офанзивец кој треба да внесе дополнителен квалитет и искуство во клучниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести