Италијанската национална телевизија, РАИ, објави сензационална информација и тврди дека Кристијано Роналдо ќе биде нов член на Рома.
Португалецот ќе пристигне во таборот на Волчицата, чиј тренер е неговиот сонародник Жозе Мурињо, а според РАИ, официјално трансферот ќе биде завршен и објавен утре.
Рома претходно реагираше на слична информација со објаснување дека воопшто и не преговарале со Роналдо, иако неговиот менаџер Жорж Мендеш го понудил како засилување за клубот.
Сега РАИ тврди дека трансферот ќе се реализира до утре, што би била рамно на сензација со оглед на статусот на Роналдо како голема светска ѕвезда и особено примањата.
Португалецот има годишна плата околу 30 милиони евра нето, што е за 7 пати поголема од најдоброплатениот фудбалер на Рома, а тоа е Лоренцо Пелегрини.