Арсенал синоќа не загуби во Бергамо од Аталанта благодарение на чудесниот голман Давид Раја, кој воодушеви со двојна одбрана.
Во 51-вата минута, Ретеги изведе пенал и шутот му беше прочитан од Раја. Топката се одби и повторно Ретеги прв дојде до неа, шутна со глава кон голот, сите на стадионот веќе ја гледаа топката во мрежата бидејќи Раја беше далеку, но Шпанецот се фрли и успеа да го одбрани и тој шут, по што сите од Арсенал му притрчаа да му честитаат.
Тренерот Микел Артета рече дека тоа е најдобрата одбрана која ја видел, а самиот Раја не е сигурен дека ова му е најдобра одбрана во кариерата.
„Одбраната беше неверојатна. Можеби не најдобра во мојата кариера, но една од трите најдобри сигурно. При пеналот имав среќа што тргнав на вистинската страна, за несреќа топката се одби кај него, а потоа имав среќа што брзо станав и стигнав да го одбранам и другиот шут. Среќен сум што му донесов бод на тимот“, изјави Раја.
Ma cosa ha sbagliato 😱#AtalantaArsenal pic.twitter.com/KGypIkrjNf
— Alessandro Mediani (@A_Medianii) September 19, 2024