Рајан Гигс го избра својот идеален тим на Јунајтед и го изостави Кристијано

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Манчестер јунајтед, а актуелен селектор на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс, ги избра 11-те најдобри свои соиграчи со кои настапувал во тимот на Црвените ѓаволи. Гигс цели 24 сезони играше за Манчестер и соблекувалната ја делеше со многу фудбалери, па толку му беше тешко да избере само 11-мина, што во својот идеален состав не го смести Кристијано Роналдо, ниту Немања Видиќ.

Гигс избра вака: Петер Шмајхел на голот, во одбраната Гери Невил, Рио Фердинанд, Микаел Силвестр, Денис Ирвин, во средина Рој Кин, Ники Бат и Пол Сколс, а офанзивната тројка му е Дејвид Бекам, Оле Гунар Солскјер и Вејн Руни.

Гигс и Роналдо играа заедно од 2003 до 2009 година, период во кој Јунајтед освои една титула во Лигата на шампионите, три трофеи во Премиер лигата и неколку разни купови.

Додека играше за Манчестер, Роналдо стана и фудбалер на годината, но ниту тоа не му помогна во очите на Гигс да биде подобар од Солскјер. Роналдо во минатото има дадено изјава која објаснува многу работи: „Во Манчестер, со Сколс, Гигс и Фердинанд си кажувавме само добро утро, ништо повеќе од тоа, не разговаравме, но освојувавме титули“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести