15.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Рајковиќ ја крена Бурса на нозе, победата над Фенербахче е подарок за фановите

Тофаш Бурса предводен од македонскиот тренер Емил Рајковиќ, го изненади актуелниот европски Фенербахче на стартот на турската лига, а Рајковиќ рече дека навивачите кои направиле одлична атмосфера, го заслужиле триумфот.

„Оваа атмосфера го заслужи овој настап и победа. Им благодарам на нашите навивачи што ја создадоа оваа прекрасна атмосфера и на моите играчи за овој одличен меч. Го одигравме натпреварот до самиот крај. Фенербахче е многу силен тим, но ние одигравме многу добро. Среќни сме што победивме“, коментираше Рајковиќ откако го надмудри колегата Шарунас Јасикевичиус со акција за кош во последната секунда и ерупција во салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести