Рајковиќ: Ќе биде чудо ако не ми дадат гол!

Голманот на Ремс, Србинот Предраг Рајковиќ, засилено се подготвува за вечерва, бидејќи можеби против себе ќе има пеколен напад во кој ќе бидат Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Парискиот тим уште ја нема објавено листата на играчи кои ќе играат вечерва, но се очекува деби на Меси.

Рајковиќ кој во 2019 година дојде во Франција од Макаби Тел Авив, може да биде првиот голман кој ќе им се спротивстави на трите суперѕвезди, секако доколку се најдат во тимот.

„Ќе биде чудо ако не примам гол од овие три ѕвезди, секако ако играат заедно. Тие се играчи од друга планета. Со доаѓањето на меси и другите ѕвезди, повеќе луѓе ќе ја гледаат француската лига. Знаеме дека ќе биде многу тежок меч, ќе се обидеме да го направиме дуелот што е можно поинтересен“ – вели Рајковиќ.

- Оглас -

Најнови вести