Рајо поведе и ја налути Барселона, Меси и Де Јонг ја тресеа мрежата на Димитриевски (Видео)

Лионел Меси и Франк де Јонг по еднаш ја погодија мрежата на Столе Димитриевски, кој беше немоќен да спречи пресврт и елиминација во Копа дел Реј против Барселона.

Рајо Валјекано најави подвиг со гол во 63-тата минута, што го постигна Фран Гарсија, но и тоа не беше доволно за сензација.

Лионел Меси само три минути подоцна погоди за израмнување од чиста ситуација и речиси на празен гол, а потоа и Франк дe Јонг беше стрелец за победа на фаворитот и пласман во четвртфиналето на шпанскиот куп.

Димитриевски бранеше одлично, но беше и немоќен да спречи елиминација на Рајо Валјекано.

Претходно Севилја со сигурна игра ја победи Валенсија со 3:0, а Алмерија и Осасуна одиграа без голови, па таму ќе има продолженија за пласман во четвртфиналето на Копа дел Реј.

- Оглас -

Најнови вести