Најслабата екипа во шпанската Ла Лига, Алмерија, на четири кола пред крајот на првенството ја забележа само втората победа оваа сезона, откако со 0-1 славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, остана немоќен во 30-тата минута, кога Чоко Лозано, го пронајде патот до мрежата на Македонецот.
Рајо Ваљекано во моментов е на 16-тата позиција на табелата со осум поени предност пред Кадис, кој е 18-ти и во опасната зона. До крајот на првенството остануваат во игра уште максимални 12 бода, па екипата од предградието на Мадрид се уште гонема обезбедено опстанокот и тоа ќе треба да го стори на следните натпревари.