Рајо сезонава дома знае само за победи, а во Sport Life квотата за кец против Селта е дури 2.45

Малиот мадридски клуб Рајо Валјекано по доаѓањето на колумбиската ѕвезда Радамел Фалкао, доби милиони свои фанови во оваа јужноамериканска земја, клубот е вистински хит сезонава во шпанската лига, а особено се импресивни кога играат на својот „Валјекас“. Рајо, на чиј гол стои Столе Димитриевски, сезонава дома одигра пет меча и ги доби сите пет дуели, а најважен триумф им беше оној во минатото коло против Барселона од 1-0, кога нашиот голман му одбрани пенал на Мемфис Депај.

Вечерва Рајо игра дома против Селта Виго и има улога на фаворит, но квотата во Sport Life за победа на мадриѓаните е доста голема, 2.45, и вреди да се типува на „кец“.

Сезонава во Топ 5 лигите, само Рајо, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Наполи и Милан имаат максимален учинок на свој терен и ги добија сите натпревари пред своја публика. Вечерва трибините на „Валјекас“ ќе бидат преполни, фановите очекуваат нова победа и радост.

- Оглас -

Најнови вести