Рајо Валјекано ќе настрада во првиот меч од 2022 година

Челниците на Шпанската фудбалска федерација не планираат да има одложување на мечеви во Примера дивисион и покрај зголемениот број на заразени фудбалери. Според распоредот, има еден меч на 31 декември (Валенсија – Еспањол), а потоа на 2 и 3 јануари се закажани дури девет натпревари. Одложувања не треба да има ниту во втората лига, каде што на 31 декември има три средби.

Најпогоден од оваа одлука дека нема одложување на мечевите е Рајо Валјекано, каде што настапува и Столе Димитриевски. Во клубот на македонскиот репрезентативец се пријавени дури 17-мина заразени. Потоа следува Барселона со седум позитивни случаи и Севилја, во чии редови има тројца позитивни на корона-вирусот.

Рајо Валјекано нема ни доволен број фудбалери за да направи нормален тренинг, но тимот сепак ќе мора да најде начин како да го одигра дуелот против Атлетико Мадрид на 2 јануари, на стадионот „Ванда Метрополитано“.

 

- Оглас -

Најнови вести