Голема драма се случуваше вечерва на трите меча од шпансата Ла Лига на кои се решаваше кој тим оди во Лига Европа, а кој во Конференциската лига.
Селта Виго победи 2-1 на гости кај Хетафе и го обезбеди седмото место кое води во Лига Европа. Тимот од Виго после девет години се враќа во европските купови.
За осмото место кое води во Конфернциската лига, се бореа Рајо Ваљекано и Осасуна. на двата тима им требаше победа, а ниту еден од нив не успеа, играа нерешено, и тоа му донесе среќа на мадридскиот тим кој е подобар во меѓусебните дуели и за првпат во својата 100-годишна историја ќе игра во некој од европските купови.
Осасуна гостуваше кај Алавес, на тимот од Памплона му фалеше еден гол за да биде осми. Тој меч заврши малку подоцна, но не успеаја да го победат Алавес.