Во првиот натпревар од четвртфиналето на Коинференциската лига на УЕФА, Рајо Ваљекано го надигра АЕК Атина со убедливи 3-0 пред преполни трибини на „Ваљекас“, стекнувајќи голема предност пред реваншот во Атина за седум дена.
Само по една минута и 45 секунди од почетокот, Рајо поведе. Долга топка стигна до Гарсија на левата страна, тој центрираше совршено, а Акомач со левата нога од десетина метри го погоди долниот лев агол на голманот Стракоша за 1-0.
АЕК имаше неколку шанси за израмнување. Јовиќ во седмата минута беше блокиран на десетина метри од голот, а во 29-тата минута Барга шутираше со глава по слободен удар, но голманот Баталија со помош на стативата ја зачува мрежата.
Шест минути подоцна, голема шанса имаше и Кеита, кој по конфузија меѓу домаќините имаше чист пат кон голот, но се сплетка и промаши.
Рајо ги казни промашувањата пред самиот крај на првото полувреме. Лопез искористи една одбиена топка и зголеми на 2-0.
Во продолжението, домаќините без проблем ја одржуваа предноста, а во 70-тата минута ја зголемија од пенал. По ВАР проверка беше утврдено дека Релвас играл со рака во шеснаесетникот на АЕК. Судиската одлука беше јасна, пенал за Рајо, кој сигурно го реализира Паласон за конечни 3-0.

