Тимот на Далас маверикс ги почна подготовките во пресрет на рестартот на сезоната во НБА лигата, а токму вакви магични потези на Лука Дончиќ е она што недостасуваше изминатиов период.
Кошакарските фанатици се навикнаа да го гледаат Лука како погодува тројки од пола терен, а бидејќи тоа за него е лесно, Дончиќ овојпат си ја проба среќата со нога. Баскетот толку прецизно го помина обрачот што ги остави соиграчите без зборови, некои од нив не се толку прецизни и со рака.
Another day, another magic show 🤷♂️ pic.twitter.com/qbDmzKon48
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) July 11, 2020