Ракавицата е фрлена: Бостон се врати од „минус 15“ и со брејк поведе во финалната серија против Голден стејт (видео)

Битката за титултата во НБА тргна со помалку неочекуван исход и гостинска победа на Бостон селтикс од 120:108 против Голден стејт во првиот натпревар од финалната серија.

Селтикси надополнија 15 поени негатива во второто полувреме и приредија шутерско шоу среде Сан Франциско за брејк на стартот од големото финале. Ал Хорфорд и Дерик Вајт како херои од сенка за Келтите со 26, односно 21 поен го предводеа тимот на Удока.

Иако Голден стејт важи за можеби најдобрата шутерска екипа во лигата, избраниците на Стив Кер загубија по свој рецепт. Домаќините погодија 19 тројки од 45 обиди, додека Бостон погоди половина од обидите од дистанца, 21/41.

Воините во последниот период влегоа со +12 поени предност, но им се случи тотален распад за само пет минути во кои не можеа да реализираат ниту еден напад, а на другата страна следуваше фантастична серија на гостите од 17-0. Бостон така ги доби последните 12 минути со неверојатни 40-16 за голема победа во оваа серија.

Покрај Хорфорд и Вајт, со 24 поени се истакна и Џејлен Браун, додека Кари со 34 поени делуваше осамено кај домашниот состав.

- Оглас -

Најнови вести