Ракавицата е фрлена: Харден го надигра Леброн, на Милвоки му се заканува „метла“ (видео)

Хјустон рокетс го зададе првиот удар во серијата против ЛА лејкерс со триумф од 112:97 во западното полуфинале. Ракетите предводени од расположените Харден и Вестбрук беа незапирливи за фаворизираните Езерџии на чело со Леброн Џејмс.

Брадата доминираше во текот на целата средба при тоа ја погоди клучната тројка на три минути до крајот со која Ракетите поведоа со +17. Ѕвездите на Хјустон комбинираа 60 поени, Харден даде 36, Вестбрук застана на 24 поени, а и Гордон имаше свој придонес за победата со 23 поени.

На другата страна најефикасен беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 25 поени и 14 скока, Леброн застана на 20 поени, по што Лејкерси немаа одговор за шутерски расположениот Хјустон.

https://twitter.com/LegionHoops/status/1302063214025269249

Мајами хит е на прагот со „метла“ да го елиминира Милвоки бакс откако ноќеска со триумфот од 115:100 Жешките поведоа со 3-0 во серијата. Најефикасниот тим во НБА лигата предводен од Јанис Адетокумбо се наоѓа пред тотален колапс, а за сè  виновен Џими Батлер.

Батлер постигна 17 поени во последниот период од вкупните 30 и го одведе Мајами го нов голем триумф. Воедно тимот од Флорида одново успеа да го задржи Грчкиот ѕвер на 21 поен, а кога Јанис е ставен под контрола, Милвоки не делува така опасно.

- Оглас -

Најнови вести