Ракип: Чест и задоволство е да се игра за Македонија

Ердал Ракип е новодојденецот во македонската фудбалска репрезентација. Играчот од средината на теренот во моментов настапува за Малме и е еден од новите играчи кои ќе треба да го освежат овој наш национален тим.

„Најпрво да кажам дека ми е чест и големо задоволство што одбрав да играм за Македонија и сметам дека не направив грешка при изборот.

Оваа држава е домот на моите родители и воопшто не беше тешка одлуката за донесување. Тимот игра добар фудбал и има многу млади фудбалери кои се родени победници.

Јас, пак, имам 25 години и сум во најзрелите фудбалски години, и сметам дека во наредниот период и јас и националниот тим ќе напредуваме многу. Се надевам дека лесно ќе се вклопам, но без наметнување, туку мојата улога во тимот сакам да дојде сама по себе“,изјави Ракип.

Неговото деби би требало да биде во петок вечерта, кога нашата селекција игра против Лихтенштајн во меч од групата „Ј“, во рамките на седмото квалификациско коло за Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести