Ракитиќ може да му биде соиграч на Дарко Велковски: Арапите му нудат вистинско богатсво на хрватот

Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ, на залезот на својата кариера ја доби понудата од соништата. Клубот Ал-Итифак од Саудиска Арабија му нуди двегодишен договор со кој може да заработи по 10 милиони евра годишно.

Хрватот има уште една година од договорот со Севиља, каде заработува по 2.5 милиони евра годишно и понудата од Саудиска Арабија е за четирипати поголема и тешко дека ќе биде одбиена. Ал-Итифак прво му понудил 6 милиони евра годишно, но таа понуда експресно била одбиена, но оваа, втората, тешко дека ќе може.

Во Ал-Итифак настапува централниот дефанзивец на фудбалската репрезентација на Македонија, Дарко Велковски, кој има уште една година од договорот со арапите и многу веројатно дека следната сезона ќе настапува со славниот хрват Иван Ракитиќ во иста екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести