Севилја води со 2:0 против Реал Мадрид, во дербито во шпанското првенство. Иван Ракитиќ донесе голема радост за домашните фанови откако изведе перфектен слободен удар во 21-вата минута и донесе водство на домаќините од 1:0.
Само четири минути по првиот гол на домаќините, следуваше нова радост на фановите на Севилја. Ламела ја заврши акцијата која ја направија неговите соиграчи и зголеми на 2:0 само по 25 минути игра.