Во моментов главниот светски фудбалски пазар е Саудиска Арабија, но поранешниот хрватски репрезентативец и член на Севиља, Иван Ракитиќ, ќе направи изненадувачки трансфер ова лето.
За фудбалерот на Севиља има интерес од турскиот гигант Бешикташ, а веќе се започнати преговорите помеѓу двете екипи. Вредноста на хрватот според Трансфермаркет е 4 милиони евра и се очекува и обесштетувањето кое ќе го добие клубот од Андалузија да се движи тука некаде.
Што се однесува до личните услови, Ракитиќ би добил загарантиран договор на две години за плата од 2.5 милиони евра по сезона и дополнителен бонус од 1.8 милиони евра за потписот за Бешикташ.