Машката ракометна репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство во Данска, со посебен акцент на физичката подготвеност која е клучна во современиот ракомет.

По деновите минати во Пореч, избраниците на Кире Лазаров сега се подготвуваат во Скопје, но веќе на 6-ти јануари ги очекува настап на подготовителен турнир во Швајцарија. Таму ќе одиграат три контроли.

Првиот меч на Европското првенство е закажан за 16-ти јануари против Данска, а потоа во групата следуваат натпревари против Португалија и Романија на 18-ти и 20-ти јануари.




