Ракометарите ќе одиграат четири контролни натпревари со Грција

Ракометната репрезентација на Македонија на почетокот од идниот месец во рамките на ЕХФ-неделата ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Грција. Натпреварите треба да се играат на 3 и на 4 ноември во Солун.

Македонија на почеток од идната година ќе возврати за гостопримството на Грците и во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против нашиот јужен сосед кои ќе претставуваат подготовка пред настапот на ракометарите на Европското првенство.
Предвидено е натпреварите да се играат на 4 и 5 јануари во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести