Македонија на полувреме има водство од еден гол против Словенците

Машката ракометна репрезентација на Македонија има предност од еден гол (16-15) по првото полувреме од квалификацискиот меч за ЕП против Словенија, што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


Ракометарите на Кире Лазаров одиграа фуриозно на почетокот од првото полувреме и успеаја да создадат значителна предност. По првите десет минути Македонија имаше водство од 6-3, а потоа ја зголеми позитивата и на 10-4.


Филип Кузмановски беше незадржлив во нападот, постигна седум гола, исто како и Марко Митев, кој постигна четири погодоци, а Македонија играше разновидно, па постигна и гол со „цепелин“.

Но, потоа Словенија влезе во ритам, и со неколку брзи противнапади, успеа да ја стопи предноста на Македонија. По 30 минути, нашите ракометари имаат предност од 16-15 и јасно е дека се очекува жестока битка и во вториот дел од мечот.

Македонија во моментот е на третото место на табелата во квалификациската група за ЕП со два освоени бода, а еден триумф над Словенија би значел и голем исчекор за пласман на уште едно големо натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести