Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го игра решавачкиот меч за пласман на ЕП 2026. Противник е Литванија, која мора да се совлада за да се оствари целта.
Македонската ракометна репрезентација одигра фантастичен натпревар на гостински терен во Талин, совладувајќи ја селекцијата на Естонија со високи 19 гола разлика. Овој триумф не само што ги донесе планираните бодови, туку и значително ја подобри гол-разликата на Македонија, што игра клучна улога во битката за пласман на Европското првенство.
Пред натпреварот, Македонија имаше негатива од -20 гола во споредба со директниот ривал Литванија. Сепак, со убедливата победа во Естонија, нашата селекција успеа да ја намали разликата и сега во решавачкиот дуел во Скопје ќе и биде доволна победа од само два гола разлика за да го освои второто место во групата.
Дуел на „сѐ или ништо“ ќе имаат избраниците на селекторот Кирил Лазаров. Според квотите во обложувалниците се големи фаворити, но тоа ќе мора да го потврдат и на теренот.
