Ракометарите на прием кај министерот за спорт и премиерот, премијата им е зголемена за дополнителни еден милион денари

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на Македонија организираа прием на машката ракометна репрезентација на Македонија. Ракометарите донесоа радост на неодамна завршеното Светско првенство. Македонија се пласира во главната групна фаза, а на крајот го освои 15-тото место на Мундијалот.
„Ракометот е спорт број еден во Македонија, ракометарите се наша гордост!
Со овој гест им оддадовме признание за нивната посветеност и борбеност на Светското првенство во јануари. Ветената премија од 2 милиони денари решивме да ја зголемиме за дополнителен 1 милион денари, така што ракометарите ќе добијат вкупно 3 милиони денари! Им посакуваме многу среќа и победнички дух на утрешниот натпревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2026! Веруваме во вас!“, беше пораката која ја испрати министерот за спорт, Ристовски.
- Оглас -

Најнови вести