Ракометната репрезентација на Македонија има предност 18:12 по првото полувреме од последното коло во групата 2 од Президент купот и се наоѓа пред втора победа на Светското првенство.
За разлика од претходниот натпревар, кога загубија од Тунис, овој пат Црвено-жолтите многу подобро го започнаа натпреварот и по воведното загревање во првите четири минути направија серија од 5:0 со која поведоа со 7:2.
Предноста од пет гола им овозможи рутински да го одработат првото полувреме и на одмор да заминат со залиха од шест гола (18:12), што е најава за втор триумф на СП.
Најрасположени за игра во првото полувреме беа Петар Атанасијевиќ и Филип Кузмановски со по четири гола, а Мартин Серафимов, Ненад Костески и Костадин Петров дадоа по три гола.