Ракометната репрезентација на Македонија го заврши престојот во Дизелдорф и веќе се наоѓа во Берлин, каде што нè очекуваат натпревари против Германија и Швајцарија.
Домаќинот на првенството одлучи трансферот на репрезентациите да биде со воз, а од Ракометната федерација на Македонија се заблагодарија за одличната организација на транспортот до Берлин.