Македонската машка сениорска ракометна репрезентација со полна пареа од завчера почна да се подготвува за Европското првенство на кое првиот меч го играме на 16 јануари против домаќинот Данска.

„Тука се гради формата.
Тука се создава карактерот.
Тука се подготвува Македонија“, објавија од РФМ на социјалните мрежи со фотографии од тренинзите во салата „Автокоманда“.

Како што рече и селекторот Кирил Лазаров, акцентот ќе се стави на воигрување на тимот бидејќи физички играчите се доволно спремни со оглед на тоа дека сме среде клупска сезона.
Тимот наскоро заминува за Хрватска, каде што на 28 декември во Пореч против Хрватска ќе ја одигра првата контрола. Таму се очекува шанса да добијат и оние ракометари кои не играат премногу во своите клубови и ќе треба да се наметнат кај селекторот.


