Ракометната репрезентација на Македонија со две убедливи победи го заврши мајскиот квалификациски циклус и сосема заслужено во јануари следната година ќе игра на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
На последниот меч пред преполни трибини во „Јане Сандански“ славевме над Литванија со 26-17, а после мечот во редови се чекаше за фотографија и автограм од ракометните херои.